Во Културно-Информативниот Ценар во Скопје, во салон 19:19, на 26 април со почеток во 20 часот ќе се одржи Интимна вечер со „Трио џентлмен“ составено од тројца проесионални оперски пеачи.
На Интимната вечер ќе настапат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор, а водител на вечерта ќе биде Сузана Турунџиева.
На репертоарот на „Трио Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво. „Трио џентлмен“ постојат веќе една година, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, а и надвор од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст