| четврток, 6 декември 2018 |

Србија е болна и анемична, кога ќе станам премиер, ќе ја направам Белорусија!

Vojislav-Seselj-miting

Ако јас станам премиер на Србија, ќе склучиме најцврст сојуз со Русија, како Белорусија, најави лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ на митинг во Крагуевац, пренесува белградски “Блиц”.

Ќе појдам во Русија и ќе побарам во Србија да се распоредат неколку дивизии со систем С-500 и ќе дозволам да направат неколку аеродроми, и да донесат нивни офицери, додека нашите ќе им помагаат и ќе се обучуваат. Само таква Србија може да биде апсолутно заштитена, порача Шешељ.

Пред повеќе стотини граѓани собрани на плоштадот во Крагуевац тој порача дека економскиот спас за Србија го гледа исклучиво во сојуз со Русија “чијшто огромен Пазар ќе ги купува производите произведени во Србија”, и дека во таква соработка “има спас и за автомобилите кои Фиат ги произведува во Крагуевац, а кои сега не може да ги пласира на тамошниот Пазар”.

Потпретседателот на СРС, Милован Бојиќ, на собирот рече дека Воислав Шешељ е “здрав како дрен” и дека е подготвен да ја преземе Србија, но дека Собранието е некако “анемично, болно, безлично” оти му недостасува “критичка мисла, борбен дух, квалитетен закон” и дека таму недостасуваат српските радикали.

Кога радикалите ќе влезат во Собранието, ништо нема да биде како претходно. Затоа завладеа паника, оти знаат дека козата поинаку ќе пасе кога волкот ја гледа, порача Бојиќ.

Кандидатката за пратеничка Наташа Јовановиќ рече дека во Србија сега се владее “со лаги и измами, со дилетанти во владата кои за ништо не се прашуваат оти за се и сите одлучува Вучиќ”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top