| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на најблиската сосетка на Марјановиќ: Се што правеа, сега им се врати како казна

Се уште е во тек расветлувањето на убиството на пејачката Јелена Марјановиќ ,а полицијата  се уште трага по убиецот или повеќе сторители на бруталното убиство. Како што  некои медиуми пишуваа, сите докази собрани до сега укажуваат дека некој од семејството Марјановиќ е замешан во убиството.

89559_1JElena-jeca-10-620x350

Соседите во населбата Црвенка во Борча се уште се вознемирени и се уште сите се прашуваат кој би можел да биде убиецот. Една сосетка која не сакала да и се открие идентитетот, кажала дека мајката на Зоран се занимавала со биоенергија  и надри лекарство.

89559_Borca-Crvenka-Jelena-Marjanovic-Krsmanovic1

-Свекрвата на Јелена со тоа  се занимава со години, а јас колку знам таа за тоа нема ниту дозвола ниту лиценца. Кај нив во куќата доаѓале луѓе  од цела Србија за да таа ги лечи  и на тој начин се збогатија –раскажала најблиската сосетка на Марјановиќ.

Како што појаснила сето тоа што го правело им се удрило од глава.

-Не знам, се ова што се случило , убиството на Јелена Марјановиќ, мислам дека им се врати – додала не сакајќи да појаснува што конкретно мисли со тоа, но евидентно е дека семејството Марјановиќ не се омилени соседи.

89559_jelena-krsmanovic-foto-milena-djordjevic-35

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top