| четврток, 6 декември 2018 |

„Економист“: Во Бугарија е нарушена слободата на медиуми

Една од најкоментираните прашања во бугарските медиуми е нарушената слобода на медиуми, објави британското списание „Економист“.

– Бугарија постојано е на последно место меѓу европските земји во класифицирањето на слободата на медиуми и сега е на 87 место во последниот годишен индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници, а во 2006 година беше на 35 место, пишува „Економист“.

Бугарскиот експерт за закон за медиуми Нели Огњанова истакнува дека медиумите не ја вршат основната функција – да ја информираат јавноста за важни проблеми туку често им служат на политичките партии и различни економски групи.

„Економист“ посочува дека новинарите во Бугарија често се под притисок и закани од разни економски, политички и криминални групи.

Како втора карактеристика на бугарските медиуми се истакнува дека не е познато кој се сопственици на медиумите, а голем број не медиуми се зависни од државните средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top