| четврток, 6 декември 2018 |

Овој април задолжително мора да се носи црвен кармин, еве зошто

Кампањата што започна на социјалните мрежи, лани достигна глобално ниво. И годинава продолжува кампањата „Ред мај липс“. Со носењето црвен кармин во текот на месец април, испраќате порака за подигнување на свеста за сексуалните напади, но и за да им се даде поддршка на жртвите и да се поттикнат тие гласно да проговорат за нападите и за трауматичните искуства…

Април е месецот во кој на различни начини низ светот се крева и се обележува свеста за сексуалните напади.

Фотографиите на кои носите црвен кармин, споделете ги на социјалните мрежи, заедно со хаштагот #redmylips.

Црвениот кармин не е случајно избран, туку тој е метафора за крв, за црвените дамки и за лузните врз телата на жртвите на сексуални напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top