Работнички остана на втората позиција на табелата во кошаркарската Суперлига, по триумфот вечерва на гостувањето против Лирија со 89-81. Со тоа, клубот од Дебар Маало ја прокнижи четвртата победа во шестиот настап.
Одлуката „падна“ во финишот, во последните три минути на средбата во кои гостите ја создаа клучната разлика. На две минути пред крајот со кошевите на Ѓуров и Јелесиевиќ, Работнички поведе со 81-77, со што ја најави новата победа. Тони Симиќ направи техничка грешка , а Јелесиевиќ и Шарпер погодија вкупно три од четирите слободни фрлања, за предност од 6 поени разлика што беше недостижно за Лирија.
Мохамед Абукар доминираше на паркетот со 24 поени и 14 скока, а покрај него, кај гостите одлично одигра и Џон Шарпер со 21 поен. Марјан Ѓуров го заврши натпреварот со 12 поени.
Кај Лирија најефикасен беше Тони Симиќ со 21 постигнат поен, а Карлос Морбан уфрли 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.