| четврток, 6 декември 2018 |

„Денови на детски филм“ низ Македонија

Првпат во поновата историја во повеќе од десет киносали, односно домови и центри на културата, во земјава до средината на мај ќе се прикажуваат анимирани филмови за деца. Проектот се вика „Денови на детски филм“.

– Анимираните филмови можат да ја интригираат бујната детска фантазија. Водени од таа мисла, но и од желбата да го доближиме анимираниот филм до децата во целата република, го организираме проектот „Денови на детски филм“.  Водени од концептот „помалку е повеќе“, убедени сме дека нашиот скромен избор ќе ги збогати животите на жителите на целата република. Најмладите гледачи во Гостивар, Делчево, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Тетово, Велес, Охрид, Штип, Гевгелија, Битола и Кавадарци ќе уживаат во четири анимирани филмови синхронизирани на македонски и на албански јазик – велат од продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“.

75f7a157-88a5-4e27-aeb5-134a189d7ca4

„Деновите на детски филм“ тргнаа од Скопје изминатиов викенд. Во киното „Фросина“ на Младинскиот културен центар две мачки ја раскажаа „Пим и Пом – Големата авантура“, Лео познат и како „Детето-фантом“ покажа како се станува невидлив и како се поминува низ ѕидови.

d73f86b1-93fb-49e7-acad-32d2fda4f6e4

Како продолжение на оваа акција, во месец мај ќе бидат достапни уште два анимирани филма за најмладата публика во уште повеќе центри на културата низ земјава.

Идниот месец на големите платна низ градовите во нашата земја, 11-годишниот Џонатан ќе се бори со џиновска мечка во „Големата мечка“, а едно момче ќе мора да ги спаси своите пријатели од стапицата на злобната кралица во „Тор и легендата за Валхала“.

Филмовите се избрани специјално за уживање на младите гледачи од 4 до 10 години со целосна синхронизација на македонски или на албански јазик.

Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top