Според авторите на истражувањето, постојат три показатели кои укажуваат дали „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ве прават депресивни.
Сите по природа сме љубоморни на животот на другите луѓе околу себе, на нивните патувања, на среќните врски и на успесите.
Но, кога тие чувства почнуваат да доаѓаат во поголем обем и стануваат опсесија, може да биде знак дека премногу ги користите социјалните мрежи.
Несоодветност
Освен љубомората, уште пострашно е тоа што по дружбите на социјалните мрежи се чувствувате несоодветно, односно, чувствувате дека вашиот живот не е доволно добар во споредба со животите на другите.
Ако ви се јави вакво чувство, потсетете се дека на социјалните мрежи сите ги објавуваат само најдобрите работи за себе, но тоа е и знак дека треба да одморите од посетите на туѓите профили и на туѓите животи.
Осаменост
Дигиталното поврзување и дигиталното заедништво со другите можат да бидат позитивна работа, но можат да предизвикаат и контраефект доколку по прегледувањето на социјалните мрежи почнеме да се чувствуваме осамени, додека гледаме како сите други се забавуваат.
Врските преку социјалните мрежи можат да остават чувство на неисполнетост, ако вашите реални врски со другите не се ни приближно толку силни.
Затоа, наместо разговор со пријателите на компјутер, договорете се да испиете кафе на сонце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.