| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 20 загинати во самоубиствен напад во Кабул (ВИДЕО)

Повеќе од 20 лица загинаа во самоубиствен напад денеска околу 7.25 часот, во центарот на Кабул, во Авганистан.
CgYg2LSUUAEVj8m
Самоубиствениот напад бил извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД. Претседателската палата е на неколку стотина метри од местото на експлозијата. Најмалку 15 вработени од Националната управа за безбедност се меѓу убиените, јави ДПА. Авганистанското Министерство за здравство соопшти за речиси 161 ранети. Одговорноста за нападот ја презедоа Tалибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top