Министерот за надворешни работи на Република Македониjа, Никола Попоски престоjува во дводневна работна посета на Сојузна Република Германиjа. За време на првиот ден од своjата посета на Берлин, министерот, Попоски оствари средба со својот германски колега министерот за надворешни работи, Гидо Вестервеле, како и со советникот за европска политика на германскиот Канцелар, Николаус Мајер-Ландрут, претседателот и членови на Парламентарната група за соработка со ЈИЕ и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Рупрехт Поленц, соопштија од МНР.
Фокусот на разговорите за време на средбата на МНР Попоски со министерот Вестервеле, како и на средбите со другите германски претставници, како што се вели во соопштението, бил ставен на предизвиците со кои нашата земја се соочува во процесите на европската и евроатлантска интеграција, а во светло на донесувањето на одлуката за отпочнува?е на пристапните преговори со ЕУ на претстојниот Самит на ЕУ, во јуни 2013 година.
„Во тој контекст, МНР Попоски ги запозна соговорниците со напорите на Владата на Република Македонија во исполнувањето на задачите кои произлегуваат од европската агенда, посебно во делот на клучните реформи, успешно спроведените локални избори, како и унапредувањето надобрососедските односи и регионалната соработка“, се вели во соопштението.
Попоски и Вестервеле разговарале и за билатералната соработка и за подготвеноста за интензивирање преку инвестициони проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)