| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени и соборен семафор на Партизанска

Со мерцедесот управувала М.Р. (50), а со Полото управувал Д.Л. (37).

Мерцедес и Поло со скопски регистарски таблички се возилата кои денес се судриле на раскрсницата помеѓу „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во Скопје. Според информациите кои „Република“ ги доби од МВР, во 18 часот и 15 минути дошло до директен судир на двете возила. Со мерцедесот управувала М.Р. (50), а со Полото управувал Д.Л. (37).  При судирот е соборен еден семафор. Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се однесени во Ургентен центар. Увидот се уште трае.

Денеска на Ургентен биле однесени осум пациенти, повредени во сообраќајна незгода. Очекуваме информација за состојбата на двајцата повредени во несреќата на „Партизански одреди“.

02
Фото: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top