Цензурата на Ким Јонг Ун достигна уште една граница. По забраната на интернетот, воедно и сите социјани мрежи, властите во Северна Кореја неодамна забранија и носење на западна облека, како на пример фармерки, но и ставање на пирсинг.
Според британски „Телеграф“, земјата одамна наметнува строги правила за изгледот на своите граѓани и иновацијата е последователен чекор против влијанието на капиталистичките држави и нивната култура.
Прочитајте и: 20 шокантни вистини за Северна Кореа: Сите се писмени, нема комунизам, платата е 3 евра и понекогаш има струја
Забраната важи особено за две провинции, распоредени на границата со Кина, чии жители имаат поголем пристап до информации и услуги од другите луѓе кои живеат во други делови на земјата.
Тамошните граѓани, посебно младите, ќе мораат да внимаваат на должината на здолништата, обликот на чевли, какви маици и какви фризури носат. Во земјата жените имаа право да носат само 28 варијанти на фризури, а за мажите се дозволени само 10. Со најновата кампања, мажите мораат во ризурата да наликуваат на нивниот лидер, со коса не подолга од два сантиметри, а жените да се огледаат на првата дама, која носи боб-фризура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит