| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се добитниците на Пулицеровата награда оваа година?

Весникот „Њујорк тајмс“ ја освои Пулицеровата награда за меѓународна репортажа, агенцијата „Асошиејтид прес“ беше одликувана за новинарство во служба на општеството, а весникот „Вашингтон пост“ победи во категоријата за национална репортажа.

Пулицеровите награди се највисокото одликување во американското новинарство. Оваа година тие беа доделени по стоти пат. Церемонијата на прогласување на наградите се одржа во униврзитетот Колумбија.

„Њујорк тајмс“ ја освои Пулицеровата награда за најдобра меѓународна репортажа, посветена на тешката положба на жените во Авганистан.

АП ја доби Пулицеровата награда за новинарство во служба на заедницата за истражување на злоупотребата на работната сила во индустријата за морска храна на Тајланд.

„Вашингтон пост“ беше одликуван за национална репортажа за создавање на националната база на податоци за тоа колку често и зошто полицијата на САД стрела и убива.

Агенцијата „Ројтерс“ и „Њујорк тајмс“ победија во категорија за фотографија за известување на акутелен настан за фотографии за мигрантската криза во Европа и на Блискиот Исток.

Весникот „Лос Анџелес тајм“ освои Пулицер за известување на актуелен настан поврзан со терористичкиот напад во американскиот град Сан Бернардино.

Весниците „Тампа Беј тајмс“ и „Сарасота хералд-трибјун“ беа наградени за истражувачко новинарство за историјата на психијатарските болници во Флорида.

Во категориите од областа на уметноста, мјузиклот „Хамилтон“, во кој се прераскажува историјата на еден од основачите на САД, Александар Хамилтон, освои Пулицер за драма.

Романот „Симпатизер“ на Виен Тан Хгуен, поврзан со Виетнамската војна, беше одликуван во категоријата белетристика.

Книгата „Црните знамиња: воздухот на ИД“ на Џоби Ворик освои награда за документарна литература.

Пулицеровата награда го носи името на американскиот издавач Џозеф Пулицер. Таа е основана во 1917 година и се доделува во 21 категорија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top