Како и многу пати до сега, медиумите под капата на СОРОС шират дезинформации кои треба да наштетат на угледот на политичките претставници, нарушување на довербата кон институциите, а со цел урнисување на државата во целина. Да потсетиме на признанието на доскорешниот долгогодишен прв човек на соросовата фондација дека преку финансиите контролира десетина медиуми, а еден од актуелните „ударни пера“ посведочи дека истиот и ги уредувал вестите под закана дека ќе ги укине парите.
Откако се обзнани дека претседателот на државата Ѓорге Иванов ужива поддршка од над 70 проценти од граѓаните, ударната тупаница на соросовите медиуми ја насочија кон него и неговите соработници. Како повод се користи и одлуката за помилување за која Иванов, како објасни, се обиде да даде свој придонес кон фер и демократски изборен процес.
Сега, соросовите платеници вршат оркестриран напад врз угледот на претседателот, како со најновата дезинформација дека се барал начин за „операцијата повлекување“, која „ја води неговиот советник Ивица Боцевски“. Секако, за дезинформациите се повикуваат „неименувани извори“. Но, тоа не пречи веста без никаква проверка да ја пренесат соросовите медиуми.
Иако ваквите „новинарски спинови“ нема да се најдат на проверка кај проектот наменет за тоа, повторно финансиран од надвор, факт е дека наведениот доскорешен советник, веќе не е активен дел од тимот на Иванов, откако го доби новиот ангажман како амбасадор во Бразил.
Вториот момент кој внесува не само сомнеж, туку е и основа за проверка пред да се преземе како вест вака навидум наивен, но секако, опасен новинарски производ, е тоа дека и претседателот Иванов јасно и гласно посочи, а потоа и го повтори ставот дека откако ќе добие барање за поништување на одлуката „ќе повикам експерти да понудат правно решение“, како и „политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес“.
Тоа што ваквите спинови имаат за цел е да дадат оправдание и да го втурнат во втор план вандализмот кој што го почнаа СДСМ и СОРОС низ улиците на Скопје, со кршење, уништување, крадење од народната канцеларија на претседателот на државата, па и со палење на фотографии, како да станува збор за Сирија и Асад, или пак, за Ирак и Садам Хусеин, што не наиде на одобрување кај граѓаните.
Вандализмот, кој почна од Народната канцеларија на претседателот, а на кој полицијата остана нем набљудувач, потоа се прошири и врз сите понови обележја на градот. И сето тоа е дело на 2000 хулигани- платеници кои треба да одработат, за да може соросовите медиуми, без никаква проверка или осуда, да го пласираат како вест и поткрепа на повикувањето на некаква „народна“ револуција. Онака како што Заев повика на Украинско сценарио.
70те проценти доверба кон претседателот на државата му е уште еден одбранбен ѕид пред замисленото сценарио дури и за СОРОС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме