| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на лидерската средба во Виена

ВМРО-ДПМНЕ доби покана и ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што во петок во Виена го планира меѓународната заедница.

27241golema

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ја добиле поканата што тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, вклучени во постигнувањето и спроведувањето на договорот од Пржино, ја упатиле до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

На средбата во Виена е предвидено да присуствуваат и комесарот на ЕУ за преговори за проширување Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top