| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Ја прегазил сопругата со автомобил, па ја бодел со нож

Стравичен обид за убиство вчера ги вознемири граѓаните на Лесковац, откако маж трипати ја прободел сопругата со нож, а пред тоа ја прегазил и со автомобил.

itna

Според информациите објавени во локалните медиуми, 30-годишниот маж околу 15 часот по расправија со својата сопруга влегол во својот автомобил и додека таа трчала по него, ја прегазил.

Излегол од возилото и со нож ѝ нанел три убоди, во вратот, во стомакот и во потколеницата. За среќа, раните биле површински, па жената преживеала, но нејзината состојба е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Полицијата сѐ уште го истражува случајот, па не открива детали околу причините за расправијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top