Инцидентот што се случи вчера на јужната трибина на арената „Филип Втори“, кога беше нападнато раководството на Шкендија, е забележан и во денешниот редовен билтен на Министерството за внатрешни работи. Во него се вели:
– На 17.4.2016 година во периодот од 16.00 до 17.45 часот во Скопје, на арената „Филип Втори Македонски“, на фудбалскиот натпревар меѓу ФК„Вардар“-Скопје и ФК„Шкендија“ – Тетово, дел од навивачката група на ФК „Вардар“ се обиделе физички да се пресметаат со лица од раководството на ФК „Шкендија“, кои биле сместени во ВИП-ложата на јужната трибина, од каде што го следеле натпреварот заедно со раководството од ФК „Вардар“.
По превземени мерки од страна на полициските службеници навивачите биле потиснати, а раководството на ФК „Шкендија“ било префрлено на безбедна позиција на арената „Филип Втори“. Истите не се пожалиле на никакви повреди од настанот. При интервенцијата на повреда во пределот на коленото се пожалил еден полициски службеник кој бил префрлен во ГОБ 8-ми Септември, за укажување на лекарска помош.
Истиот ден во 20.50 часот од ПС – Тетово во МВР било пријавено дека во КЦ-Тетово за преглед се пријавиле три лица кои биле повредени на натпреварот. Се работи за И.Р. (46), генерален директор на ФК-Шкендија, кај кого биле констатирани повреди во вид на оток во задниот дел на главата, А.К. (54) од с.Мала Речица, тетовско, кај кого не биле констатирани видливи повреди и Ф.А. (44) од с.Порој, тетовско, кај кого биле констатирани повреди во вид на црвенило во пределот на десната надлактница. По укажаната лекарска помош, за која доставиле медицински извештај, истите биле пуштени на домашно лекување.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил