| четврток, 6 декември 2018 |

Грци во првите редови на насилните протести во Битола

Насилните протести во Битола добиаат поддршка од Грци. Најредовен и во првите редови на протестите што ги организираат СДСМ и СОРОС е 54-годишниот солуњанец Марвакис Атанасиос.

grci

Битолани велат дека тој е во постојан контакт со лицата кои ги задолжил Заев да ги организираат вандалските напади врз полицијата и институциите во Битола, што се гледа и на оваа фотографија, на која се гледа Атанасиос на ручек во битолската кафеана „Буре“ заедно со организаторите на насилните протести.

grci 2

Според објавите на неговиот профил на Фејсбук, може да се процени дека Марвакис Атанасиос е поддржувач на политиките на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис.

grci 3

Неговата профилна фотографија на Фејсбук е од протестите во Шпанија во 2012 година кога државата ја тресеа голем број насилни протести против мерките за штедење и во кои поголем број демонстранти се судрија со полицијата.

grci 4

Исто така, од она што може да се види на неговиот Фејсбук профил, пишува Нетпрес, Атанасиос јавно пројавува симпатии и за ЛГБТ  заедницата.

grci 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top