| четврток, 6 декември 2018 |

Борча стана „Зоната на самракот“: Капката крв од Јелена ќе ја реши мистеријата

jelena krevet

Придвижување во истрагата на мистериозното убиство на пејачката ќе се случи во оној момент кога ќе заврши вештачењето на облеката и обувките кои ги однесоа форензирачите од куќата на семејството Марјановиќ на ДНК анализа.

Капка од нејзината крв може да биде пресудна и да ја реши мистеријата доколку најновите анализи евентуално покажат дека сомнителниот траг на облеката или на обувките на нејзините најблиски настанал во времето на трагичниот настан.

istraga

Полицијата засега нема опипливи докази на основа на кои може да осомничи некој од членовите на семејството на покојната пејачка. Меѓутоа, деталното пребарување на куќата потврдува дека главноосомничениот е од таа куќа.

crni kesi

Клучно ќе биде полицијата да изолира ДНК примерок кој ќе ја одведе до убиецот, тврди извор од истрагата за Ало. Полицијата погреши што веднаш го повика сопругот на Јелена, требаше да се почека со испитувањето на Зоран. Ако бил под седативи по трагедијата, не можел правилно да реагира и неговиот исказ не е од никаква полза. ДНК примерокот е клучот за овој случај, но ако убиецот нема досие, полицијата нема да може веднаш да го идентификува. Сепак, прашање на време е кога ќе го открие некој детаљ и кога ќе се сложат коцките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top