Tијана Дапчевиќ ги изненади сите со објаснувањето како се бара сродна душа и дека планирала да се откаже од потрагата по вистински маж.
Тијана во една емисија рекла дека девојките денес мораат да се опуштат и да ги пуштат работите да си течат, кога се мажите во прашање.
– Верувајте ми, пред 16 години прекинав долга врска и мислев дека нема да најдам нормален маж. Мислев дека нема надеж за мене и дека ќе мора да прејдам на жени. Тогаш се појави Милан, љубовта на мојот живот, баш кога најмалку се надевав – објаснила Тијана во Магазин Ин.
Пејачката ги советувала девојките да се обидат да најдат момчиња во театар или во библиотека, ако веќе не оди „потрагата“ во клубовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.