| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот совет за слабеење ви е пред носот

За губење на вишокот килограми е потребно време, труд и откажување, но и вештина едноставните работи кои ни се пред носот да ги свртиме во своја корист и во корист на нашето здравје.

Нутриционистката Лески Ланжевин ги советува луѓето како да ослабнат, а притоа да го задржат своето здравје.

– Советот е многу едноставен. Јадете повеќе зеленчук. Постојат многу причини зошто треба да се јаде повеќе зеленчук. Тоа не содржи многу калории и јаглехидрати, има висок процент на вода и влакна кои овозможуваат полесно варење на храната и долго време не држи сито. Богато е со витамини и минерали – вели Ланжевин.

Стручните лица препорачуваат зеленчукот да биде застапен во секој оброк, дури и во појадокот. Пролет и лето е иделно време за тоа.

Меѓу најздравиот зеленчук спаѓаат спанаќот, артичока, зелје, коморач, праз, зелена салата, ендивија, карфиол, брокула, зелка, тиквички, сладок компир, тиква, авокадо, цвекло, лук, кромид…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top