Енрико Лета е избран за мандатар за состав на новата италијанска влада, со што се очекува да се стави крај на политичката криза во земјата која трае од февруари. Лета е потпретседател на Демократската партија, тој се смета за умерен политичар, кој би бил прифатлив и десниот центар.
Неговиот вујко Џани Лета беше десна рака на Берлускони со години. Аналитичарите предвидуваат дека контроверзниот Берлускони сега ќе има голема моќ зад тронот.
Италија која е трета по големина економија во ЕУ, се наоѓа во длабока политичка криза откако на парламентарните избори победи коалицијата на левиот центар, но се досега не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.