Властите во Саудиска Арабија се заканиле на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама дека ќе го распродадат имотот во САД во вредност од 750 милијарди долари ако Конгресот го усвои законот кој овозможува да се суди на саудиската влада за вмешаност во терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Заканата која може да има не само економски туку и сериозни диплоамтски последици за администрацијата на Обама ја соопшти лично саудискиот министер за надворешни работи Адел ел Џубеир за време на посетата на Вашингтон во март. Саудиска Арабија најави дека во случај САД да впери прст во нив, ќе го продадат целиот имот.
Проценката е дека со таков потег доскорешниот сојузник на САД на Блискиот исток може дури и да го разниша доларот. Друг голем проблем е воената соработка. САД и Саудиска Арабија се традиционални партнери, а во борбата за превласт во муслиманскиот свет меѓу овие земји и Иран, САД е на страната на Ријад. На иста страна се и во Сирија, па прашање е како влошените односи би влијаеје на кревкиот мир во таа земја. Бурата ја предизвикале последните 28 страници од извештајот на истражната комисија кој Конгресот го усвоил уште во 2003 година, а никогаш не се објавени. Извештајот кој е подготвен од двопартиска комисија е објавен во 2003 година и има 800 страници. Последната глава од 28 страници која веднаш добила предзнак државна тајна поради националната безбедноснт.
Според наводите на медиумите токму во тие последни 28 страници се кријат докази за финансиската поврзаност на владата на Саудиска Арабија и нејзините 15 државјани кои во 2001 година го извршија нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Претходно, поранешниот сенатор Боб Грем кој учествувал во истрагата за трагедијата изјави дека Обама во следните 60 дена ќе донесе одлука за објавување на тајни документи кои се однесуваат на истрагата од нападите на 11 септември во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст