| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Савиќ обелодени дека е сериозно болна

Фолк пејачката и некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ Тања Савиќ деновиве е сериозно загрижена поради тоа што на кожата и се појавиле акни и дамки, а докторите не знаат која е вистинската причина за ова кожно заболување. Како што изјавила за медиуите поминува низ агонија затоа што никој не знае дали е во прашање хормонално нарушување или нешто далеку посериозно.

tanja-savic-foto-srbijadanas-6

-Изминативе денови кога ќе станам и ќе се погледнам во огледало изгледам како страшило. Ќе се погледнам во огледало и секојдневно забележувам како ми искочиле голем акни и огромни дамки на лицето и телото. Не знам која е причината за тоа, на почеток не сфаќав сериозно но работата стана сериозна. Никој од докторите се уште нема објаснување за тоа што ми се случува со кожата – изјавила Тања.

tanja-savic-glavna-lapsusi

Проблеми со хормоните, лоша исхрана, недостаток на секс, се тоа ми го наведуваат како можна причина но многу сум исплашена затоа што  ова станува се посериозно,а докторите се уште немаат објаснување што ми е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top