| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал на британскиот двор – Камила сакала да ги раздели Вилијам и Кејт

кејт
Многу книги се напишани за да ги разоткријат непознатите детали врзани за најпознатото кралско британско семејство, а од најновата книга Игра на круните, нема да биде задоовлна Камила Паркер.
Имено авторот на книгата тврди дека војвотката од Корнвол, се обидела, па дури и успеала да ги раздели принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Во книгата е напишано како Камила била љубоморна на Вилијам и Кејт, во време кога таа давала се да се допадне на британската јавност. Таа наводно го наговорила својот сопруг принцот Чарлс да го увери Вилијам, кој тогаш бил несигурен во врска со Кејт, да прекине со неа.
Чарлс под нејзино влијание тоа успеал и да го направи, а младиот пар 2007 се раздели. Но овој обид пропадна, бидејќи шест недели подоцна тие се смирија, а сега имаат и прекрасно семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top