| четврток, 6 декември 2018 |

Кол: Европа не може да биде нова татковина на милиони мигранти

кол

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол изјави дека Европа не може да биде нова татковина за мигрантите и не именувајќи, изнесува критики на сметка на канцеларката Ангела Меркел во увод во една од своите книги.

Европа не може да биде нова татковина на милиони загрозени луѓе од светот, оценува Кол во коментар кој синоќа го објави Тагешпигел.

Кол оценува дека решение за мигрантската криза не е во Европа туку во регионите од кои доаѓаат мигрантите. Тој ги повика владите во Европската унија на соработка во решавање на мигрантската криза. Кол (86) се смета за клучна фигура за германското обединување и поддржувач за европската интеграција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top