
Државното обвинителство на Русија ги предупреди Јеховините сведоци дека може да се случи да бидат ликвидирани под обвинение дека се занимаваат “екстремистички работи“. Цела низа локални структури од таа организација во Русија се ликвидирани, а секташите – нивни членови – повикани се на кривична одговорност. Во предупредувачкиот текст се прецизира дека руските судови квалификувале како екстремистички 88 „информативни материјали кои ги издава организацијата на Јеховините сведоци“. Нивната дистрибуција и користење се забранети на целата територија на Руската Федерација. Предупредувањето го потпишал заменикот државен обвинител Виктор Грињ, кој на сведоците им оставил рок од два месеци да ги отстранат и да ги запрат сите делувања, настапи и публикации кои имаат „примеси на ексремизам“, зашто во спротивно ќе бидат забранети.
Јеховините сведоци го отфрлаат обвинението и нагласуваат дека власта во Русија веќе 60 години добро знае дека од екстремизмот се далеку колку и небото од земјата.

Еминентни руски интелектуалци ја нагласуваат потребата од забрана на оваа верска група. Еден од нив е московскиот универзитетски професор Роман Силантјев, кој вели:
“Тоа требаше порано да се стори, бидејќи ги кршат законите на Русија. Јеховините сведоци не само што на своите членови им е забрането да одат во војска, туку и да учествуваат во собири и да прифаќаат функции во државните служби. Ако некоја организација им забранува на граѓаните да ги извршуваат граѓанските обврски и да ги реализираат своите права – тоа несомнено ги крши законите. Јеховините сведоци на своите припадници им забрануваат трансфузија на крв“.
Се проценува дека во Русија делуваат околу 100.000 Јеховини сведоци.

„Ако се ликвидира нивниот Раководен центар – со тоа ќе бидат ликвидирани и локалните организации. Секако дека многу од нив нема да престанат да веруваат во она што веруваат, а тогаш ќе следуваат судски постапки против оние кои ќе продолжат со “молитвите“. Таков процес веќе имаше во Такангора, што каде беа осудени 16 “сведоци“, А некои и затворени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


