| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца возачи на европратеници осомничени за поврзаност со ИСИС

tablica euКај двајца возачи, кои биле ангажирани за транспортни услуги на членови на Европскиот парламент, биле пронајдени компакт дискови со пропаганден материјал на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави денеска германскиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на анономни извори.

Едниот од возачите, осомничени за поврзаност со ИД, ги возел европратениците во Брисел, а другиот во Стразбур.

Весникот наведува дека по дополнителните проверки било утврдено дека двајцата возачи од претходно имале криминални досиеја.

По ваквите сознанија, Претседателството на Европарламентот донело одлука во иднина да се користат услуги на приватни фирми, наведува „Шпигел“.

Неделникот псочува дека за превоз на европратениците во Брисел се ангажирани 65 лица вработени во приватни фирми и уште 85 други во Стразбур. Покрај овие, во Европскиот парламент се вработени уште 23 возачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top