| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА удри силно: Македонија исфрлена од квалификациите за ЕП 2017!?

Според интернет порталот „Спортандо”, ФИБА се одлучи да казни 14 национални федерации, поради тоа што претходно дадоа поддршка за Евролигата, Еврокупот и АБА лигата. Покрај Македонија, суспендирани се уште и Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, Шпанија, БиХ, Литванија, Италија, Грција, Израел, Полска и Турција.

кошаркари

Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА ја суспендираше кошаркарската репрезентација на Македонија и националните селекции на уште 13 европски земји од квалификациите за Европското првенство 2017, кое треба да се одржи во Турција, Израел, Финска и во Романија.

Според интернет страница „Спортандо”, ФИБА се одлучи да казни 14 национални федерации, поради тоа што претходно дадоа поддршка за Евролигата, Еврокупот и АБА лигата. Покрај Македонија, суспендирани се уште и Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, Шпанија, БиХ, Литванија, Италија, Грција, Израел, Полска и Турција.

fiba kvalifikacii

Соред последните информации, секоја од наведените 14 федерации ќе имаат можност да ги корегираат своите одлуки околу поддршката на Евролигата, Еврокупот и АБА лигата, најдоцна до 20. април, по што суспензиите би биле отстранети.

Македонија во квалификациската група за пласман на ЕП 2017 е заедно со Велика Британија, Унгарија и со Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top