| четврток, 6 декември 2018 |

Сања уште една жртва на естрадата: Непознати луѓе ми бараат пари

sanja maletic

Атрактивната српска фолкерка Сања секојдневно се мачи со повици од пријатели и познаници кои ја молат за помош и за разбирање.

– Страшно е колку луди приказни слушам. Пред некој ден некој човек ми праќа порака дека му требаат пари да ја опреми куќата. Ми пишува дека има три деца, а бидејќи јас немам деца, а ги сакам, редно е да му помогнам. Секако, не знам ни кој е ни што е. Сите тие молби за помош станаа безобразие од најлош вид.

Некои ѝ испраќаат пораки на пејачката по полноќ дека им требаат пари за лекар. Таа им одговара дека не е пристојно да ја вознемируваат во тоа време.

– После два дена повторно ми праќа порака да ме праша што станало со парите и да ме потсети итно да уплатам. Не може, вика, веќе да чека, зашто со месеци не примил плата, а мора да се лекува. Барал од мене, зашто немал од кого друг, а никогаш не сме се сретнале и не го познавам, изјавила Сања за Вести онлајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top