Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ денеска посочи дека амбасадори „не можат и не смеат да се мешаат во внатрешните работи на земјата домаќин, коментирајќи го состанокот на амбасадорите на ЕУ и на САД во четвртокот во Загреб, на кој се говорело за слободата на медиумите во Хрватска.
Австрискиот амбасадор во Хрватска пред два дена на твитер објави дека „тукушто имал многу интересен состанок со колегите и пријателите за слободата на медиумите. Клучен приоритет на нашпата надворешна политика“.
-Тоа ми беше многу чудно бидејќи амбасадорите не можат и не смеат да се мешаат во внатрешните работи на земјата домаќин- посочи Грабар- Китаровиќ пред хрватските новинари во Братислава, каде учествувга на глобалниот форум за безбедност.
На пораката на твитер на австрискиот амбасадор на твитер одговориле повеќе амбасадори, американскиот, норвешкиот, британскиот и холандскиот, потврдувајќи го своето присуство на состанокот.
„Слободата на медиумите е клучна, тоа е она за што зборувавме и што ќе продолжиме да го промовираме“, напиша на твитер холандскиот амбасадор во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


