| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава „Кроациа ерлајнс“

кроацијаХрватската влада ја продава „Кроациа ерлајнс“. Ресорниот министер Синиша Хајдаш Дончиќ предупреди дека синдикатите на авиокомпанија мора да ја сфатат деликатноста на моментот и истакна дека целта на Владата е компанијата да опстане. Тој потсети дека државата ја докапитализирала „Кроациа ерлајнс“ со милијарда куни и најави дека Владата во првата фаза на санација ќе продолжи со реструктуирање.

– Секако дека за „Кроациа ерланјс“ ќе побара и некој потенцијален стратешки партнер. Ако тој доаѓа надвор од ЕУ, максималниот удел ќе биде до 49 отсто, а ако тој доаѓа од ЕУ, тој удел може да биде и до 100 отсто, рече Дончиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top