| четврток, 6 декември 2018 |

САД испраќа ескадрила авиони во Турција, ќе се блокираат сите комуникации на ИСИС

Авионите на американската авијација ќе можат да ги пресретнат комуникациските канали на ИСИС во Сирија и Ирак и ќе можат да направат пречки на каналите.

Соединетите Американски држави распоредија во Турција борбени авиони за напад на комуникациските канали на Исламската држава со цел поуспешно да се борат сите против најозлогласената терористичка организација на светот.

Two US Navy (USN) EA-6B Prowler aircraft fly a refueling mission over Incirlik Air Base (AB) Turkey, in support of Operation NORTHERN WATCH.

Two US Navy (USN) EA-6B Prowler aircraft fly a refueling mission over Incirlik Air Base (AB) Turkey, in support of Operation NORTHERN WATCH.

EUCOM (The United States European Command) објави дека во воздушната база Инџирлик во Турција е испратена посебна ескадрила на EA-6B Prowler авиони кои ќе помогнат во борбата против Исламската држава. Освен што EA-6B Prowler авионите ќе можат да ги пресретнат комуникациските канали на ИСИС, тие ќе можат да ги заштитат воените сили на тлото и да го ометаат радарот на другите летала, како и сигналите на мобилните телефони со кои џихадистите ги активираат бомбите.

Овие авиони за прв пат се користеа во војната во Виетнам во 1972-ра година, а исто така се користени со цел да помагаат во мировните мисии ширум светот, како и за воспоставување на no-fly зона каква што имаше на небото над поранешна Југославија во 1990-та година.

EA-6B Prowler авионите се користат во Ирак и Сирија уште од првите воени акции против Исламската држава кои што официјално започнаа во 2014-та година. Полковникот Дејвит Вестовер Џуниор, портпарол на EUCOM изјави за американски „СиЕнЕн“ дека EA-6B Prowler авионите ќе го извршуваат истото што го извршувале во последните 45 години и истакна дека станува збор за авиони кои се корисни за многу работи.

Авионите доаѓаат од Корпусот на морнаричката пешадија на Соединетите Американски Држави за тактичко војување и тие се најновиот „додаток“ на американската војска која што се бори против Исламската држава во Сирија и Ирак. Покрај овие авиони, американската Централна команда за прв пат го испрати моќниот B-52 бомбардер во борбата против Исламската држава.

Заменик министерот за одбрана на САД, Роберт Ворк оваа седмица изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ослободат „сајбер бомба“ која што е дел од нивниот најнов арсенал на оружје дизајнирана за елементите на контрола на Исламската држава.
2bbf9296f64b2dd17a7bcd6ce15e245e

Министерот за одбрана на САД, Еш Картер неодамна изјави дека „сајбер борбата“ против Исламската држава е започната со цел да ги „преоптовари нивните мрежи така што да не можат да функционираат“. Ескадрилата на EA-6B Prowler авионите ќе се задржи во турската база Инџирлик до септември оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top