| четврток, 6 декември 2018 |

Трговија со деца преку Фејсбук

FB_BПолицијата во Индија разоткри цела мрежа на трговија со новороденчиња, преку последниот случај на продажба преку Фејсбук. Машкото беберодено во Пенџаб пред да „стигне“ на продажба преку социјалната мрежа било двапати продадено. Полицијата соопштува дека дедото го земал детето од својата ќерка на која и кажал дека било мртвороденче, па го продал на медицинска сестра за 45.000 рупии или 637 евра. Таа го продала новороденчето за 300.000 рупии или 4.250 евра на помошник во болничка лабораторија. Тој пак го понудил на продажба на Фејсбук. По објавените фотографии бизнисмен од Њу Делхи понудил за момчето 800.000 рупии или 11.300 евра.

Полицијата го нашла детето во домот на бизнисменот. Упасени се уште пет лица, меѓу кои дедото и уште еден маж, кои се обвинети за соработување при зделките. Статистиката вели дека десетици илјади деца во Индија секоја година стануваат жртви на шверц со луѓе. Ова е прв случај на шверц со деца во оваа земја преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top