Околу 500 членови од вкупно 21 здружение на пензионери од цела Македонија денеска се собраа на заедничко дружење во Тетово.
Овој мултиетнички собир веќе петта година по ред ја организира Здружението на пензионери Тетово, како дел од планираните активности во нивната програма за работа, во соработка со Сојузот на пензионери на Република Македонија.
– Третото доба сакаме да го искористиме за дружење и на тој начин да ги поминуваме пензионерските денови, изјави Стојан Соколовски, претседател на Здружението на пензионери од Тетово.
За забавата на присутните се погрижи тетовскиот „Маестро бенд“, а дружбата, орото и песната траеја се до попладневни часови. Здружението на пензионери од Тетово со околу 12 илјади членови е едно од најголемите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст