| четврток, 6 декември 2018 |

Белград купува 6 руски Миг-29 М/М2

mig-29Србија ја подновува својата армија со шест нови авиони од типот Миг-29 М/М2 и два нови радарски системи кои ќе ги купи од Русија, објави весникот „Блиц“. Според весникот договорот треба да се дефинира следниот месец кога српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ ќе отпатува во Москва. Авионите Миг-29 М/М2 беа презентирани пред армијата на Србија лани во јуни во Русија. Српското воено воздухопловство ја поздрави одлуката со оглед на тоа дека последната набавка на нови авиони била пред 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top