| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА забрани учество во АБА-лигата, за непослушните федерации следи суспензија

aba-liga

Клубовите од земјите од поранешна Југославија нема да можат да играат во АБА-лигата, откако ФИБА Европа денеска испратила ултиматум до сите кошаркарски федерации да им забранат на нивните клубови да играат во регионалното натпреварување.

Ова писмо на ФИБА е одговор на договорот кој АБА-лигата го постигна со Евролига и доколку федерациите не им забранат на своите клубови да играат во ова натпреварување следува суспензија на нивната репрезентација од сите натпреварувања организирани од ФИБА.

– Доколку националната федерација ги подржува клубовите да учествуваат во натпреварувања кои имаат врски со Евролигата или на било кој друг начин се поврзани со оваа организација, автоматски ќе го загубат правото да учествуваат во сите сениорски репрезентативни натпреварувања организирани од ФИБА – стои во дел од писмото на ФИБА.

pismo fiba

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top