Последниот натпревар од втората рунда во четврфиналните натпревари во кошаркарската Евролига заврши со победа на Лаборал Куча над Панатенаикос од 82-78 по едно продолжение.
Грчкиот состав на чело со Александар Ѓорѓевиќ пропушти шанса за брејк и израмнување на резултатот на 1-1 откако во првиот натпревар победи Лаборал.
Целиот натпревар помина во израмнета борба на теренот. „Детелинките“ одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 21-16. Во вториот период домаќините ги консолидираа редовите и стигнаа до минимална предност на полувремето од 38-36.
Во второто полувреме израмнетата игра продолжи, а Панатенаикос со тројка на осум секунди до крајот стигна до нерешно и се избори за продолженија бидејќи Шпанците не успеја по тајмаутот да постигнат поени за победа.
Во дополнителните пет минути се си дојде на свое место и со постигнати девет поени и примени само пет, шпанскиот состав стигна до 2-0 во серијата до три победи.
Сега Лаборал се наоѓа на чекор од пласман на фајнал-форот, но во следните два меча треба да гостува во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Французите предупредуваат: Чувајте се од Талески, тој е новиот Лазаров!
-
Потомците на Александар го освоија Алжир, Македонија е во четвртфиналето на Светското првенство (видео)
-
Познати осминафиналите парови на Европското првенство за жени во Чешка