| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски: Претседателе, не сум побарал аболиција и нема за што да ме аболицирате

Trajko-Veljanovski-top

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во писмо до претседателот Ѓорге Иванов истакнува дека никогаш не побарал и нема за што да биде аболициран. Повторува дека се спротивставува на одлуката на Иванов за аболиција и прачува дека секој политичар и функционер треба да одговара за своите постапки и одлуки.

Господине Иванов, ја користам оваа пригода упатувајќи го ова писмо до вас, но и до јавноста, уште еднаш да го изразам својот личен став дека јас никогаш не сум побарал од вас никаква аболиција од проста причина што навистина нема за што да ме аболицирате.

Истовремено, како што тоа го истакнав во моето соопштение до јавноста во средата, на 13 април 2016 година, најенергично се спротиставувам на вашата Одлука за аболиција. Но, како што веќе реков, јас и како човек и како пратеник, сметам дека секој политичар и функционер, вклучувајќи го и Претседателот на државата, треба да сноси одговорност за своите постапки и одлуки, наведува Вељаноски во писмото до Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top