Драмскиот театар Скопје реагира и најостро го осудува обидот на „Театарот на навигаторот Цветко“ да ја искористи сцената на театарот и резервираниот термин за претставата „Солун – град на духови“ во чест на големиот јубилеј „70 години Драмски театар“ за политички мегдан и политичките игри од улица да ги пренесе на сцената на театарот.
– На само час и половина пред почетокот на претставата бевме информирани дека претставата нема да се одигра, но дека учесниците во претставата имаат намера на публиката, но и на пошироката македонска јавност да ѝ прочитаат соопштение за причините зошто одбиваат да ја одиграат претставата.
Од Театарот велат дека се длабоко изненадени и навредени од потегот и одлуката на „Театарот на навигаторот Цветко“, особено затоа што политиката на НУ Драмски театар Скопје претполага на отвореност кон сите естетики, концепти и идеи на театарското уметничкото творештво, притоа немајќи никакви предрасуди кон ниедна верска, расна, национална или политичка определба.
– Управата на НУ Драмски театар Скопје, установа финансирана од Буџетот на Република Македонија, ниту сака, ниту може, ниту, пак, смее да се меша во политичките убедувања на групи и на поединци. Но, исто така, има право, но и обврска кон граѓаните на Република Македонија да не дозволи дневната политика да биде инволвирана во работата на најреномираната театарска куќа во Македонија.
Гестот на одложување на претставата е оценет како крајно непрофесионален, тенденциозен и навредлив кон НУ Драмски театар Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст