| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски ги распиша предвремените избори

trajko potpisuvaПретседателот на Собранието Трајко Вељаноски го потпишав Решението за распишување предвремени избори на 5 јуни 2016 година.

„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“- се вели во соопштението на Вељаноски.

-Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина- додава Вељаноски по потпишувањето на документот.Решението за распишување предвремени избори за пратеници 001

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top