| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ предлага Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

vmro pres

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки, соопшти денеска партијата.

– Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки. Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ лиферувано изутринава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top