| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејли колер“: Криминалецот Заев ѝ помага на Грција во промена на името на Македонија

dc
Зоран Заев е политичар со криминално досие кој ѝ помага на Грција во промена на името на Македонија, а имајќи го предвид високиот рејтинг на Никола Груевски огромни се шансите Груевски повторно да биде премиер, се вели во текстот на д-р Теодор Кариск за престижниот The Daily Caller.

Правејќи паралела помеѓу 90-тите години, транзицијата и војните кои се водеа на Балканот по распадот на Југославија, Kариск објаснува дека лидери како што е Никола Груевски во Македонија, кој како што пишува повторно ќе биде премиер на Македонија, се ретки и дека Груевски ја предводел државата во еден систем на демократско владеење и со добра волја.

-Ја предводеше нацијата кон евроатланска интеграција, позитивни економски политики и развој. Под негово владеење започнаа и процесот на евроинтеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, пишува Kариск.

За жал, пишува тој,  нестабилноста поттикната од радикализам и мигрантска криза со која се соочува Македонија, повторно покажуваат моќ.

-Се оживуваат долго маргинализираните гласови, оние помалку демократските. Охрабрени од опасноста која доаѓа од Блискиот Исток но и од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет криминалец, пишува Kариск.

Од друга страна , продолжува тој, јужниот сосед на Македонија, Грција, е бескрајно гневна на одлуката државата да се вика по своето уставно име Македонија.

-Како казна Грција континуирани ја опструира Македонија кон патот на интеграција на државата во ЕУ и НАТО. Лидерството на владејачката партија , ООН, како и Меѓународниот суд на правда, сите се едногласни дека барањата за промена на името се спротив меѓународното право. Од друга страна Зоран Заев и неговите социјалдемократи не прават услуга на државата со тоа што сугерираат приспособување кон позицијата на Грција, пишува тој.

Антидемократската промена на власта било каде на Балканот заклучува тој, не е во ничиј интерес а најмалку на Западот. Слободните, транспарентни избори закажани на 5 јуни се во интерес на Македонија, на регионот и на целиот западен свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top