Најновата вест за Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка предизвика тага и неверување особено кај машката популација.
Имено, девојката на најсексапилниот задник на Балканот повеќе не е слободна туку ветена жена.
Сандра на својот профил на Фејсбук споделила фотографија на која до малиот прст има тетовирано буква М и дата која е веројатно дата кога се запознала со нејзиното момче Александар Микша Моксовљевиќ.
Иако минатата година се зборуваше дека пејачката и ставила крај на врската нивната долгогодишна врска е посилна од се.
Дали е збор за нејзин доказ за љубовта кон Микша или е свршеничка тетоважа се уште не е познато, но тоа што е познато е дека оваа фотографија предизвика невиден број коментари и постови од страна на мажите ширум регионот кој овој ден го прогласија како еден од најлошите поради тоа што Сандра во претходните интервјуа кажа дека кога ќе се омажи нема повеќе да се разголува.
Секс симболот на младите во регионот дефинитивно допринесе овој ден да биде еден од оние кога стотици мажи страдаа од љубомора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.