| четврток, 6 декември 2018 |

И научно е докажано, секој родител си има омилено дете

И научно е докажано, секој родител има омилено дете. Било направено истражуање кое го докажува она во што сите ние еднаш сме се посомневале.
Во истражувањето биле следени 384 семејства, чии деца се родиле во период од четири години. Тие откриле дека дури 74 отсто од мајките и 70 отсто од татковците имаат поинаков третман кон своите деца.
Нивната хипотеза била дека родителите на прво место ги ставаат помалите деца, поради нивните години и вниманието. Но, истражувањето покажало дека ова мислење е целосно погрешно.

Првородените деца се тие, кои родителите ги фаворизираат, додека помладитее деца често пати се чувствуваат запоставено, што влијание врз нивната самодоверба.

По добиените резултати, научниците сфатиле дека помладите деца не добиваат посебен третман, бидејќи нивните браќа или сестри имале можност сите форми на активности да ги пробаат први и со тоа да ги воодушеват родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top