| четврток, 6 декември 2018 |

Црно-бел свет: Безгрижно детство без влијание на интернет и социјални мрежи (фотогалелрија)

Ники Бун почна да прави фотографии како хоби, додека работеше како физеотерапевтка во Шкотска. Но, откако се вратила од Нов Зеланд, инспирација за фотографирање нашла во своето семејство, односно во децата.

Семејството повторно и ја разгоре желбата за фотографија. Низ серијата црно-бели фотографии Бум ја прикажа другата страна на безгрижното детство.

На фотографиите се гледа како децата во нејзината средина без влијание на интернет и социјални мрежи, потполно сигурни и безгрижни во денешното време.

– Мојата мајка почина кога бев многу млада, а сега имам само неколку мали, избледени албуми кои ме потсетуваат на неа. Такви фотографии будат посебни емоции во мене – изјави Бум за „Нешенал џиографик“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top