Интересот на СДСМ е во земјава да има анархија, да има безредие и хаос, но тоа не е интерес на македонските граѓани и на ВМРО-ДПМНЕ. Наш заеднички интерес е земјата да оди напред, демократијата да функционира, одлуките на слободни и фер избори да ги носат граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција.
-Сакам да ве информирам дека СДСМ заедно со Соросовите здруженија и невладини организации и така планираа овие денови да прават протести, секој ден, со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори. Тоа беше негова стратегија. Сега само малку ќе ја изменат реториката искористувајќи ја одлуката на претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите и ќе го прават она што го планираа- деструкција, говор на омраза, истурање гнев, насилства, хаос, криза, сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги, со кои сакаат да сокријат дека немаат поддршка од мнозинството граѓани кое се должи на нивната безидејност и деструкција – рече Груевски.
Наспроти нив, рече Груевски, ВМРО-ДПМНЕ се насочува кон човекот, кон неговите проблеми, кон неговата подобра иднина, решавање на предизвиците, кон отворање на нови работни места, кон нови реформи и дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер