| четврток, 6 декември 2018 |

Плаќал Кинез да му ја работи работата

Американец давал петина од платата на Кинез да му ја заврши работата

kompjuterdzijaАмериканец е отпуштен од работа оти му давал на еден Кинез петина од својата плата, да работи наместо него од далечина.

Работникот во водека ИТ компанија, именуван како Боб, ја прелажал својата компанија во случајот кој ја запрепасти јавноста, а го објави компјутерскиот форензичар Ендру Валентајн.

Валентајн бил ангажиран од работодавачот на Боб за да открие кој им го „хакнува“ серверот на фирмата, бидејќи секојдневно пристап на северот имал непознат комјутер од Кина. Тогаш е откриена измамата, а Боб добил отказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top