| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ова значи ослободување од гонење на Заев и на Верушевски за кои има цврсти и легално собрани докази

zaev verusevskiЖалиме што ова значи ослободување од гонење на Зоран Заев и на Зоран Верушевски и на други нивни соработници. Тие во туѓ интерес им нанесоа штета на државата и на народот и требаше да одговараат, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со одлуката на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

-Против Зоран Заев има легално собрани цврсти докази за „Поткуп“ заради што ги избегнуваше рочиштата и бегаше од судот. Не треба многу да говорам за случајот „Поткуп“, затоа што толку многу е јасно и видливо што правеше Заев, така што сѐ им е јасно на луѓето. Против Заев имаше процес против „Пуч“ исто како и против Зоран Верушевски, со цврсти и легално собрани докази. Колку и да бегаа од судот, колку и да сметаа на поддршката на СЈО, доказите за овој случај со прислушувањето со помош на агентите на Верушевски, кои континуирано со години организирано вршеле прислушување и урнисување на државата беа непобитни- посочи Груевски по одлуката на Иванов за помилување на Заев и на Верушевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top