| четврток, 6 декември 2018 |

„Прегратка на дар“ на Битолска млекара и донесе награда за најдобра општествена практика

foto5Битолска млекара ја доби наградата за најдобра општествена практика од Министерството за економија и националното Координативно тело за општествена одговорност за реализираната акција „Прегратка на дар“. Акцијата се состоеше од едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија над 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници – децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.

-Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекара е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата, вели Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара

Битолска Млекара има можност акцијата „Прегратка на дар“ да ја претстави и на европско ниво во склоп на иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Ова е прв пат наградата за најдобра општествено одговорна практика да ги надмине националните рамки и стане дел од иницијативата поддржана од Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top